Прекинат меч на Светското првенство – Трибините веднаш испразнети, навивачите се чудат… (ВИДЕО)

Натпреварот од Светското клупско првенство меѓу Палмеирас и Ал Ахли беше прекинат во 62. минута. Натпреварот беше прекинат од судијата Ентони Тејлор при водство на бразилскиот тим од 2-0.

Причината – се подготвува бура.

Над стадионот во Њу Џерси се појави голем облак, иако времето е претежно сончево, па на навивачите не им беше до крај јасно зошто натпреварот е прекинат.

Набрзо на видеоекранот се појави препорака до навивачите да ги напуштат трибините поради лошите временски услови во таа област на САД.

Претходно, Палмеирас поведе по автогол на Весам Абу Али во 49. минута, а Флако Лопез во 59. минута зголеми на 2-0.

Се вчитува...