Прекинат мечот Белгија – Шведска од безбедносни причини, по терористичкиот напад во Брисел (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Квалификацискиот натпревар меѓу Белгија и Шведска за пласман на ЕВРО 2024 во Брисел е прекинат на полувремето поради терористичкиот напад во белгискиот град.

Најпрво фудбалерите на двете селекции, откако дознале за теростичките напади, одбиле да излезат на терен во второто полувреме, а потоа и делегатот од УЕФА, поради безбедносни причини, одлучил натпреварот да биде прекинат.

Присутните гледачи на стадионот во Брисел добиле предупредување да не го напуштаат стадионот се до следните инструкции.

Во меѓувреме и натаму алармантна е состојбата на улиците на Брисел. Непознато машко лице, припадник на ИСИС, извикувајќи „Алаху акбар“ со калашников пукал кон минувачи во Брисел, притоа според првичните информации убивајќи три лица а уште десеттина се ранети. Според медиумите жртвите се шведски навивачи кои допатувале со цел да дадат поддршка на својата репрезентација.

Немилиот настан се случил во 19 часот и 15 минути во центарот на градот, а осомничениот во моментов се уште е во бегство.

 

Се вчитува...