Американската анти-допинг агенција ја прекина истрагата против Крис Колман и тој ќе може без никакви пречки да учествува на претстојното Светско првнество кое ќе се одржува во Доха.
Процесот против најбрзиот атлетичар во 2019 година кој има резултат од 9,81 секунди на 100 метри, беше отоврен бидејќи тој во поседните 12 мееции воопшто не ја информирал агенцијата за тоа каде престојува.
Сепак од анти-допинг телото на САД велат дека нема осонов за истрага и затоа Колман е ослободен од процесот. За пропуштените три допинг теста тој се соочуваше со автоматска супензија од една година. Сепак одлуката за прекин на истрагата значи дека ќе се натпреварува на атлетскиот мундијал на кој е прв фаворит за титулата, а има право да учествува и на Олимиските игри во Токио следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА