Прекинатиот меч меѓу Бразил и Аргентина, сепак, нема да се игра

Квалификацискиот натпревар за пласман на СП помеѓу Бразил и Аргентина, кој је прекинат минатата година, немад а биде одигран. За потсетување, на пет минути од почетокот на натпреварот, бразилски челници влегоа на теренот и исфрлија тројца Аргентинци од теренот поради непочитување на правилата за ковид-19. Средбата беше прекината, Аргентинците се повлекле во соблекувалната.

Иако и двете селекции убедливо се пласираа во Катар, сепак, ФИФА инсистираше натпреварот да се доигра, иако против беа и двете селекции.

Од Аргентинската федерација објаснија дека ќе платат казна од 150 илјади швајцарски франци. Бразилците се противат на одигрување на тој натпревар пред почетокот на СП, поради ризик од можни повреди и суспензии, како и можен бојкот од страна на Аргентинците.

Наместо тоа „кариоките“ сакаат да одиграат две контроли на европско тло.

Се вчитува...