Одличен натпревар во Дортмунд помеѓу Германија и Данска, во кој посреќни беа Германците и се пласираа во 1/4 финалето на ЕВРО 2024 на кое се домаќини. Во финишот на полувремето имаше прекин, поради грмотевици и силниот дожд во Дортмунд, но после 15 минути пауза, продолжи мечот.
Еден ден по мечот откриено е дека прекинот го побарал данскиот селектор Каспер Хјулманд, а се дозна и зошто.
Пред 15 години Хјулманд беше помошен тренер на Нордсјеланд. Клубот од истоимениот град играше против Хвидовре, а за време на натпреварот започна невреме. Играчот на Нордсјеланд, Џонатан Рихтер, беше погоден од гром. Негово срце застана, по што лекарите едвај го оживеаја. Тој остана во индуцирана кома 10 дена. Меѓутоа, лекарите мораа да му ја ампутираат левата нога под коленото за да преживее.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА