Прекрасен гол на Чинари за водство на Шкендија на Чаир (ВИДЕО)

Шкендија прва дојде до водство на гостувањето на „Чаир“ со голот на Ералдо Чинари во 17. минута од средбата. Седмицата на тетовскиот тим „мајсторски“ со удар од далечина го погоди горниот десен агол од голот на Наумовски за предност на Шкендија, со кој засега ја одложува шампионската промоција на Струга кој игра без голови со Силекс.

На „Борис Трајковски“ два противнапади на Брегалница, придонесоа штипјани да имаат предност од 0-2 со головите на Додев и Андонов.

Македонија ЃП има предност во дуелот со Победа, додека Академија Пандев и Тиквеш играат засега без голови.

Голот на Чинари низ видео:

Се вчитува...