Македонскиот репрезентативец Ваљон Етеми, постигна прекрасен гол за неговиот тим Истанбулспор во пресметката со Касимпаша во турската Суперлига.
Касимпаша имаше предност од 0-1, а потоа една супер акција, со погодок ја круниса репрезентативецот на Македонија, откако имаше успешна завршница одкосо од десно, погодувајќи во аголот од голот на противникот.
Со тој гол Етеми успеа да го израмни резултатот, со кој се замина на полувреме, а во тек е вториот дел. За Етеми ова беше петти гол во првенството на Турција сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА