Екипата на Гетафе успеа да ја совлада Алмерија, и да дојде до четвртата победа во сезоната. Домашниот тим стигна до триумфот после пресврт, откако први поведоа гостите.
Рамазани во 7. минута донесе молк на трибините на домашниот тим. Меѓутоа Гринвуд ги „разбуди“ со прекрасен гол во 33. минута. После тоа Мајорал во 45. минута постигна гол за пресврт.
Во вториот дел домаќините ја задржаа предноста и на крајот дојдоа до победата.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

