Екипата на Аугсбург стигна до победа од 2-0 над Келн, во директниот меч за опстанок во Лигата. Сега му избега на противникот седум бода, а на крајот оваа екипа дури може и да стигне до Европа идната сезона, со оглед дека се доближува до горниот дел на табелата.
Аугсбург дојде до петтата победа во шестиот меч, и опстанокот е речиси обезбеден. А, до триумфот домашниот тим дојде со голот на Рибеиро во 55. минута од средбата. По додавање од десната страна, Рибеиро со петица го совлада голманот на Келн.
До крајот на мечот Келн се обидуваше да дојде до израмнување, но Аугсбург постигна гол во финишот преку Клод-Морис со гол од 40 метри, откако голманот на Келн отиде во напад за да се обиде да дојде до израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

