Прекрасен лоб удар на Хамза за предност на Струга, Јанков несовладлив за Вардар во првиот дел (ВИДЕО)

Струга ТЛ има предност на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш со 0-1. Голот го постигна Мемертиза Хамза кој во 37. минута со прекрасен лоб удар го совлада Тасев.

Шабани излезе сам пред Тасев, кој одбрани, но топката стигна до Хамза кој одкосо со прекрасен лоб удар го совлада голманот на Тивкеш за предност.

Во Ѓорче Петров нема голови по првиот дел благодарение на одличната партија на Ристе Јанков, голманот на домашните. Вардар има шанси, има иницијатива, но не ги реализираше шансите. Најдовски, Омерагиќ, Талевски, Закариќ три пати, и на крај Талески, но ниту еден не успеа да го совлада Јанков, па лидерот шансата за победа ќе ја бара во вториот дел.

 

Се вчитува...