Прекрасната Србинка која е главен виновник за успеси во Шпанија (ФОТО)

Саша Средановиќ е српски спортски психолог кој веќе неколку години работи со тимовите во шпанското првенство. Прекрасната Србинка во моментов е во Реал Бетис каде работи на психолошката подготовка на фудбалерите на клубот од Севилја.

Бетис игра неверојатно во сите натпреварувања. Во четвртокот обезбедија пласман во финалето на Копа дел Реј, во моментов се наоѓаат на третата позиција во Ла лига, а дел се и од осминафиналето во Лигата на Европа.

Шпанските медиуми како еден од најголемите виновници за успешната сезона на клубот од Севилја ја посочуваат токму прекрасната Саша, која минатата година работеше во Атлетик Билбао, тим кој исто така се пласираше во финалето на Купот на кралот.

Се вчитува...