Одлично дерби одиграа миланските ривали Милан и Интер, на крајот со „хепи-енд“ за „црвено-црните“ кои направија пресврт. Интер водеше, а потоа Милан стапи на сцена и израмни, а во вториот дел со „блицкриг“ дојде и до 3-1. „Нероазурите“ успеаја да се вратат и да намалат, а во финишот и да пропуштат неколку добри шанси за еден бод.
Одличната акција на Интер, донесе водство преку Брозовиќ. Хрватот излезе сам пред Мањан и го „матираше“ за водство во 21. минута. Сепак, само седум минути подоцна Леао донесе израмнување. По една грешка на средината на теренот, Тонали додаде до Леао кој шутираше неодбранливо и израмни.
Во вториот дел во 54. минута Милан направи пресврт преку Жиру во 54. минута кој одлично се снајде и го најде патот до мрежата. Интер беше во „нокаут“, а тоа го искористи Леао во 60. минута откако одлично мина неколку играчи и погоди во мрежата.
Неизвесност во финишот донесе голот на Џеко во 67. минута, а потоа херој на Милан беше Мањан кој што одбрани неколку шанси. Особено онаа на Чалханоглу која ја извади од аголот од голот и спречи со убав гол Интер да израмни. Како одминуваше финишот, Милан успеа да ги неутрализира нападите на Интер, да воспостави рамнотежа и да го задржи водството за три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА