„Преку ден секс, навечер плејстејшн“ – Зе Роберто за животот во Реал

Зе Роберто имаше и повеќе од успешна кариера во дресот на Баерн Минхен, но малкумина помнат дека бразилскиот крилен фудбалер на почетокот од европската кариера ги бранеше боите на Реал Мадрид.

Бразилецот во 1997 дојде на „Сантијаго Бернабеу“ за девет милиони евра од Португеса, но таму остана само една година. Во гостување за еден подкаст во татковината Зе Роберто проговори за времето минато во Мадрид.

„Ми беше тешко сето тоа да го испроцесирам бидејќи бев многу млад, дете од 21 година. Мојата сопруга исто така беше млада, едвај 18-19 години. Си купив убав автомобил и плејстејшн од првата плата. Само што се венчавме и бев како петел. Преку ден имавме секс, а навечер играв видео-игри на плејстејшн. Ја загубив физичката подготвеност, доаѓав на тренинзи со подочници, почнав да се здебелувам од погрешната исхрана… Заминувањето беше неизбежно“, истакна Зе Роберто.

Се вчитува...