Преку договор со Утрехт, Весли Снајдер објави крај на кариерата (ФОТО)

Славниот холандски фудбалер, Весли Снајдер на специфичен начин го објави крајот на фудбалската кариера. На сајтот на клубот од градот во кој е роден Снајдер, Утрехт, но за кој никогаш не играл беше објавено дека со легендата е потпишан договор.  „Цаката“ е во тоа што во договорот стои дека Снајдер во претстојната сезона ќе ги следи сите натпревари на Утрехт од негова приватна ложа.

„Мојата љубов кон градот Утрехт е преголема.Често зборувавме за вакво нешто и еве конечно го ставивме на хартија. Се надевам на одлична сезона“ – изјави Снајдер.

Снајдер кариерата ја почна во Ајакс каде беше од 2002 до 2007 година. Потоа играше заИнтер, Галатасарај, Ница и на крај за катарската Ал-Гарафа. Најславниот период во кариерата го имаше во Интер со кога во 2010 година ја освои тројната круна.

 

 

 

Се вчитува...