Златниот медал во средна конкуренција на Олимписките игри го освои боксерот Херберт Соуса од Бразил. Откако ги изгуби првите две рунди од Украинецот Александар Хринњак со гласовите на судиите, следуваше нокаут во третата рунда.
За Соуса ова е прво олимписко злато, додека Хрињак доаѓа до сребро по златото на Светското првенство во Хамбург пред четири години.
Златото во лесна категорија го освои Галал Џафал од Велика Британија, кој со гласови на судиите го победи Филипинецот Карл Палам. Четворица судии гласаа за Британецот и еден за Филипинецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА