Премиер-лига ги продава ТВ правата за 5.5 милијарди евра

Премиер-лигата објави дека постигнала договор за продажба на ТВ правата со Скај спортс, БТ спортс, Амазон и Би-Би-Си вреден 5.5 милијарди евра за периодот од 2022 до 2025 година, односно за сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25.

Сумата е приближно иста како и претходниот договор, односно некаде околу 1,83 милијарди евра по сезона. Со овој договор Премиер-лигата и понатаму е на врвот кога се во прашање ТВ правата. На второто место е француската Лига 1 која има приход од 1,172 милијарди евра по сезона, а во топ 5 се и Бундеслигата (1,16 милијарди евра), Ла лига (1,14 милијарди евра) и Серија А со 973 милиони евра.

Се вчитува...