Натпреварите во Премиер-лигата да се одигруваат без присуство на навивачи, да биде оневозможено гледање во пабови и спортски гостилници, а навивачите со купени билети ќе гледаат преку специјалнзирани стримови. Преку стримови ќе можат да се следат и натпреварите од пониските лиги. Носителите на ТВ правата најверојатно ќе добијат можност за емитување на повеќе натпревари.
Ова е планот кој ќе го спроведе Премиер-лига тврдат дел од англиските медкуми, а најрано би можел да стапи во сила веќе денеска во зависнот од растот на бројката за заразени од коронавирусот. Се очекува одлуката да биде потврдена кога бројот ќе достигне 500 заболени, во моментов има 460 и пријавени случаи. Овој начин на заштита наводнио е избран за да може актуелната сезона во Англија да заврши навреме.
Премиер-лигата и Англиската фудбалска асоцијација велат дека се во постојан контакт со власите и дека ги координираат одлуките за да се спречи ширењето на вирусот преку натпреварите. Дуелот Арсенал-Манчестер Сити беше првиот премиерлигашки натпревар откажан поради коронавирусот. Причината беше тоа што фудбалерите на Арсенал биле во контакт со заболениот сопственик на Олимпијакос и на Нотингам Форест, Евангелос Маринакис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА