Премиер – лигата е машина за пари

Петте најсилни европски лиги генерирале рекорден приход од 14,7 милијарди евра во сезоната 2016/17, што е 9% раст во споредба со претходната година, соопшти консултантската компанија „Deloitte“. Според компанијата, вредноста на европскиот фудбалски пазар е 25,5 милијарди евра.

Англиската Премиер-лига е лидер според заработката со околу 6 милијарди фунти. Сите 20 премиерлигашки клубови генерирале годишен рекорд во заработката. Заработката на премиерлигашите е за дури 86% поголема од најблискиот конкурент, Шпанија. Шпанските клубови имаат 20% раст во заработувачката во однос на претходната сезона. Екипите од Примера, вкупно инкасирале 2,9 милијарди евра во сезоната 2016/17.

Според „Deloitte“, резултатите од сезоната 2016/17 одразуваат нова ера на подобрена заработувачка и на финансиска стабилност на европските фудбалски клубови.

 

Се вчитува...