Атрактивниот, возбудлив и екстровертен БМВ Х2 ја доживеа својата македонска премиера. Увозникот за БМВ во Македонија и Косово, компанијата М Кар го претстави првиот БМВ Х2. Со дизајн кој зрачи со индивидуалност од секоја пора и спортски дух, БМВ Х2 поставува нови стандарди, додава импресивни перформанси и овозможува нови, досега неистражени нивоа на задоволство при возењето.
Премиерниот БМВ Х2 со својот фантастичен изглед остава впечаток од секој агол. Неговиот став на патот потсетува на спортски автомобил, спој на изразен профил, типичен за БМВ Х моделите со спортска отменост на купе. Две карактеристики на дизајнот посебно го привлекуваат вниманието: Х2 ја менува препознатливата трапезоидна форма на предната маска која се проширува на краевите. Дополнителниот БМВ амблем на Ц столбовите упатува на омилениот детаљ на класичните БМВ купеа, како што се 2000 ЦС и 3.0ЦСЛ, и уште повеќе го нагласува спортскиот карактер на БМВ Х2. Карактеристичните детали вклучуваат лакови на тркалата со квадратест изглед, впечатливи издувни цевки и нагласени странични рабови, како и елегантна линија на покривот, мазни линии и прегледен стеснет прозорец.
„БМВ Х2 е автомобил наменет првенствено за урбани луѓе кои водат активен живот и се целосно поврзани со дигиталниот свет. БМВ Х2 никогаш нема да го изневери својот уникатен карактер, тој е индивидуалист кој се издвојува од толпата. Згора на тоа, моделот М Спорт Х е достапен за прв пат и им овозможува на сопствениците да го персонализираат својот БМВ Х2 и направат уште поиндивидуален“, изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.
Моделот располага со динамика преполна со моќ и ефикасност. Возачите може да очекуваат врвен квалитет вклучен како стандард.
БМВ Х2 им нуди на клиентите најсовремени технологии кога станува збор за системите за помош на возачот. На пример, асистентот “Traffic jam” го олеснува обемот на работа на возачот во здодевниот стоп/старт сообраќај на пренатрупаните коловози. Овој систем е дел од опцискиот “Driving assistant plus”, кој се состои од серија системи за помош при возењето кој овозможува автоматско забрзување, сопирање, оддржување на лента со помош на камера. Опцискиот паркинг асистент, исто така, е дизајниран да го олесни животот на возачот на БМВ Х2, автоматски да идентификува соодветни места за паркирање и да ги преземе управувачките должности за маневрирање при паркирање.
Кај новиот БМВ Х2 ќе бидат достапни два дизел и еден бензински мотор, а од март понудата ќе биде збогатена со уште еден бензиски и еден дизел агрегат со помала моќност и можност за погон само на предна оска.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА