Маурисио Покетино не е решенито за Челси. И покрај потрошените повеќе од 300 милиони, сепак, никако лондонските „сини“ да ја најдат победничката формула. Челси на својот стадион „Стемфорд Бриџ“ загуби од Астон Вила, и така се најде на 14. позиција на табелата, а ова за нив беше третиот пораз во шестиот меч во најсилната англиска лига.
Стрелец на единствниот гол кој донесе победа беше Воткинс во 73. минута од средбата, откако претходно Густо од Челси доби црвен картон.
Арсенал и Тотенхем одиграа 2-2 на дербито на Лондон. Автоголот на Ромеро во 26. минута донесе предност за Арсенал, а Сон израмни во 42. минута.
Сака од пенал во 54. минута донесе нова предност, а Сон само минута подоцна повторно постигна гол за 2-2.
Ливерпул дојде до победа над Вест Хем со 3-1. Салах, Нуњез и Жота погодија за „црвените“, додека Боувен беше стрелец на Вест Хем во 42. минута тогаш израмнувајќи на 1-1.
Брајтон продолжува со одличните игри и го совлада Борнмут со 3-1. Соланке донесе предност за Борнмут, но Керкез и двата гола на Митома донесоа победа за домашните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

