ПРЕМИЕРЛИГА: Ливерпул и со фудбалер помалку го реши Бормут, Брајтон продолжува да гази (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ливерпул стигнаа до првиот триумф во новата сезона во Премиерлигата откако славеше над Бормут со 3-1.

Гостите дојдоа до изненадувачка предност од 0-1 уште во 3. минута со голот на Семењо. Домаќините брзо израмнија на 1-1 преку Диаз во 28. минута. До крајот на првиот дел Салах во 36. минута донесе водство од 2-1 за „црвените“. Во вториот дел по еден неспретен старт Мекалистер во 58. минута доби директен црвен картон, но и тоа не ги спречи избраниците на Јирген Клоп да стигнат до рутинска победа откако Диого Жота во 62. минута ги постави конечните 3-1.

Брајтон и Хов Албион продолжува со одличните резултати на стартот на сезоната откако го декласираше Вулверхемптон на гостински терен со 1-4. Во последниот натпревар од 16 часот Брентфорд славеше против Фулам со 1-3.

Liverpool [3] – 1 Bournemouth – Diogo Jota 62′
by u/PSGCampus in soccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...