ПРЕМИЕРЛИГА: Сити за малку од „готово-вересија“, Челси конечно победи (ВИДЕО)

Манчестер сити прави нов голем чекор кон нова титула во Премиер-лигата откако денеска во натпревар од 35. коло без проблеми славеше на домашен терен против Лидс со 2-1.

Стрелец на двата погодоци за Манчестер сити беше Илкај Гиндоган уште во првото полувреме од натпреварот во 19. и 27. минута. Гиндоган имаше можност и за хет-трик, но Германецот, не успеа да реализира пенал, по што Лидс преку Родриго веднаш намали на 2-1 и ја направи завршницата интересна.

Сепак, избраниците на Пеп Гвардиола успеаја да го задржат водството и да направат нов чекор до одбрана на титулата во англискиот шампионат.

Manchester City [2] – 0 Leeds – İlkay Gündoğan goal 27′
by u/Ihattaren in soccer

Хари Кејн го мина Вејн Руни на второто место на вечната листа на стрелци во Премиер-лигата во победата на неговиот Тотенхем на домашен терен против Кристал Палас со минимални 1-0.

Челси успеа да победи откако славеше на гостувањето кај Бормут со 1-3.

 

ПРЕМИЕР-ЛИГА 35. КОЛО: 

Бормут – Челси 1-3

Манчестер С. – Лидс

Тотенхем – Кристал П. 1-0

Вулверхемптон – Астон Вила 1-0

 

Се вчитува...