Њукасл Јунајтед ќе го следи трендот на модернизација на својот стадион. И покрај тоа што засега останува дилема дали ќе се проширува „Сент Џејмс Парк“ или пак ќе се гради нов ултра-модерен стадион на неговото место едно е јасно.
По крајот на градбата тој ќе биде третиот најголем стадион во Англија.
„„Сент Џејмс Парк е чудесно место, ќе биде и такво во сабота кога ќе го играме следниот натпревар. Има капцитет од 53 илјади места, а и ние мислиме дека може да се зголеми капацитетот. Што нормално значи и поголем приход, а за тоа е потребна инвестиција“, изјави извршниот директор на премиерлигашот, Дејвид Хопкинсон.
Очекувањата се дека ново изградениот или реконструиран стадион ќе има капацитет од 68 илјади места со што ќе биде третиот најголем стадион во Англија по Олд Трафорд и Вембли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

