Велшкиот интернационалец Герет Бејл не е пожелен во Реал Мадрид, хаосот во клубот е поголем по елиминација во Лигата на шампионите, а премиерлигашите се обидуваат да го вратат на Островот. Сепак, тоа нема да биде нималку лесна мисија, затоа што треба да платат 150 милиони фунти отштета, но и неделна плата од фантастични 650.000 фунти.
„Да, три англиски клуба се заинтересирани за Бејл. Но, не знам дали можат да си го дозволат“, изјави неговиот агент Џонатан Барнет.
Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челси имаат сериозен интерес да го доведат Герет Бејл на лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА