Премиерлигашите го враќаат стариот преоден рок

Премиер-лига ќе го врати стариот термин за крај на летниот трансфер прозорец откако и Арсенал, Тотенхем и Ливерпул со согласија со Манчестер Сиtи со Манчестер Јунајтед дека скратената верзија на преодниот рок не е добро решение. Oстаните големи еврипски клубови имаа рок до вчера да прават трансфери додека за премиерлигашите терминот беше затворен на осми август, еден ден пред стартот на сезоната.

Во ноември минатата година Јунајтед и Сити беа надgласани во обидот за промена на рокот за трансфер периодот, но сега пет клуба од големтата шесторка се за враќање на старото правило. Sамо Челси засега останува на ставот за рано затворање на преодниот рок.

Првата прилика за отворање на ова прашање клубовите ќе го имаат на собранието на 12 септември, а за да помине предлогот потребно е просто мнозинство.

 

 

Се вчитува...