Премиерлигашките клубови изгласаа промена за крајниот термин на летниот преоден рок и повотрно ќе бидат усогласени со остатокот од Европа. Во претходните две сезони, трансфер прозорецот во Англија се затвораше еден ден пред почетокот на сезоната. Во соопштението од Премиер-лига стои дека крајниот рок за трансфери е променет „во традиционалниот формат и ќе биде до крајот на август/почетокот на септември“. Оваа година, последниот термин ќе биде 1.септември.
Промената е направена на состанок на сопствениците на лигата денска во Лондон. Одлуката е донесена по жалбите од поголемиот дел од клубовите. Кога го воведе скратениот проеден рок, Премиер-лига беше во надеж дека и останатите големи лиги ќе ги поместат крајните термини.
Бидејќи тоа не се случи, англиските клубови се најдоа во ситуација нивните играчи да ги бараат низ Европа, а да не се во можност да донесат замени во случај да сакаат да продаваат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

