Џарад Брантвејт, еден од најбараните англиски фудбалери ова лето е блиску до продолжување на соработката со Евертон потпшувајќи нов договор со важност до 2030 година, пренесуваат медиумите на „Островот“.
Дваесетитригодишниот стопер одигра извонредна сезона со што го примами интересот на најголемите англиски клубови како Челси, Манчестер Сити, Ливерпул и Тотенхем, постоеше интерес и од страна на Реал Мадрид додека тренер беше Карло Анчелоти со оглед на тоа што италијанскиот стратег го „откри“ во времето поминато во Евертон, но на крајот тој ќе остане верен на клубот чиј дел е од 2020 година.
Благодарение на одличната сезона Брантвејт доби шанса и за сениорската репрезентација на Англија забележувајќи настап против Босна и Херцеговина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

