Бразилецот Родриго се поврзува со заминување од редовите на Реал Мадрид веќе подолго време. 24-годишникот го загуби стандардното место во тимот по пристигнувањето на Килијан Мбапе, изминатата сезона добиваше шанса од клупата па и самиот бараше промена на средината, но со доаѓањето на Чаби Алонсо неговиот план се промени.
Алонсо има високо мислење за Родриго и самиот најави дека ќе добие шанса да се докаже, а тоа е и намерата на Бразилецот, пренесуваат шпанските медиуми.
За ангажман на Родриго во готовс чекаат премиерлигашите Челси, Арсенал и Манчестер Сити кои се подготвени и да ја исплатат бараната сума од околку 100 милиони евра, но се чини дека ќе мораат да бараат ново решение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

