Премиерлигашите Нотингем Форест и Кристал Палас во 1/4 финале

Премиерлигашите Нотингем Форест и Кристал Палас се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на Европа, односно во Лигата на Конференции.

Нотингем Форест на пенали го совладаа Митјиланд, откако регуларниот дел и по продолженијата тимот на Нотингем победи со 1-2, и ја анулираше предноста на Данците од 0-1 од првиот меч.

Кристал Палас, пак, со гол во продолжението го елиминираше тимот на АЕК Ларнака. Херој на англискиот тим беше Сар кој во 99. минута постигна гол, во миговите кога гостите имаа играч повеќе, а потоа АЕК Ларнака остана и со уште еден играч помалку по исклучувањето на Јоану.

Се вчитува...