Манчестер Јунајтед и Брајан Мбуено се блиску до постигнување на договор за трансфер кој би го пратил 25-годишниот Камерунец на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.
Мбуено одигра фантастична сезона за Брентфорд во која постигна 20 голови и забележа осум асистенции на 38 одиграни натпревари па го привлече вниманието на европските гигнати. За негов потпис се заинтересирани и Астон Вила, Њукасл Јунајтед и Тотенхем, клубови кои ќе се натпреваруваат во европските натпреварувања, но неговиот избор е Манчестер Јунајтед.
Мбуено пристигна во Брентфорд во 2019 година од редовите на Троја и веднаш се наметна како еден од најдобрите поединци во составот. Неговата вредноста на трансфер маркетот изнесува 55 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

