За прекршувањето на регулативата на Финасискиот фер-плеј, Манчестер Сити треба да добие казна и во Англија сметаат најголем дел од клубовите од Премиер-лигата. Едногласни се дека казната треба да биде строга, но оти клубот не треба да биде исфлрен во понизок натпреварувачки ранг, пренесуваат англиските медиуми. Актуелниот шампион на Англија доби двегодишна суспензија од европските натпреварувања од УЕФА и парична казна од околу 30 милиони евра.
Клубовите сметаат дека биле ставени во неповолна позиција поради огромните сум кои Манчестер Сити ги имаше на располагање за купување играчи што ја кренало до плафон цената на фудбалерите. Сепак, клубовите не инсистираат на исфрлање на Сити од Лигата бидејќи според нив тоа би било престрог чекор кој би ја претворил Премиер-лигата во циркуз.
Во меѓувреме, Манчестер Сити поднесе жалба на одлуката на УЕФА до Арбиражниот спортски суд во Лозана, лансираше силна ПР кампања за промовирање на невиноста и во соопштение тврдеше дека клубот нема направено прекршок и оти казната има политички димензии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

