Премиерлигашот со големо засилување во нападот: Исак ќе „стрела“ за Њукасл!

Шведскиот голгетер Александар Исак официјално потпиша за Њукасл. Напаѓачот во Премиерлигата доаѓа од тимот на Реал Сосиедад, и стана четвртото засилување за овој тим летово после Мет Таргет, Ник Поп и Свен Ботман.

Исак во својот нов тим ќе го носи дресот со број 14. Во минатото неговиот талент го откри Борусија Дортмунд, но откако не ја доби шансата во 2019 година се сели во Реал Сосиедад со перманентен договор.

„Пресреќен сум што сум тука. Ова беше голема одлука за мене, одлука со која сум среќен. Овој е одличен клуб, со голема историја, тим во кој секој сака да игра, со прекрасни навивачи. Тие беа огромна причина зошто се одлучив да дојдам тука. Исто така и проектот на клубот во кој верувам. Њукасл игра атрактивен фудбал, а јас обожувам такви екипи“, рече Исак.

Тренерот Еди Хоуви рече дека е возбуден што тимот доби едно такво засилување.

„Тој е технички многу добар. Има години кои му гарантираат дека може да напредува, а ние во Њукасл сме тука да му го овозможиме тоа“, рече Хоуви.

Исак за Шведска има одиграно 37 меча, и постигна девет гола.

Се вчитува...