Германецот Карл Гајгер ја оствари првата победа во Светскиот куп во скијачки скокови. Тој триумфираше на натпреварувањето во швајцарскиот Енгелберг со скоковите од 135 метри во првата и од 141 метар во втората серија. Тој претходно во кариерата имаше само еден подиум, од Лахти во 2016 година каде што заврши второпласиран. Со германската репрезентација има сребрен медеал во тимското натпреварување на Олимписките игри во Пјонгчанг.
Гајгер собра 302 бода, речиси пет повеќе од втортопалсираниот Полјак Пјотр Жила кој имаше должини од 134 метри и од 136 метри. Третото место на подиумот му припадна на австрискт скокач Даниел Хубер кој пак имаше скокови од 135 метри и од 138,5 метри.
Јапонецот Кобајаши Рјоју кој денеска заврши на седмата позиција отанува лидер во генералниот поредок пред Жила и пред Форфанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

