Премиерот и министерот за спорт им посакаа среќа на ракометарите на СП (ФОТО)

Премиерот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска ја посетија машката македонска ракометна репрезентација.

На ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство. Селекторот Кирил Лазаров во знак на благодарност на Премиерот Христијан Мицкоски му подари дрес.

Македонија на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка ќе игра во групата во Вараждин, каде за противник ќе ги има Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Се вчитува...