Премиерот на Англија не би сакал Манчестер сити да биде продаден

Премиерот на Обединетото Кралство, Енди Барнам, денеска изјави дека би бил загрижен доколку сегашните сопственици да го продадат клубот откако „граѓаните“ се прогласени за виновни по сите 115 точки од обвиненијата за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата.

Барнам притоа истакна дека не би требало да се носат предвремени заклучоци и дека Манчестер сити има право на жалба.

„Навистина би бил загрижен доколку ги загубиме. Тие беа голем партнер во изградбата на модерен Манчестер и во создавањето на Манчестер сити како светски познат фудбалски бренд. Благодарен сум на сопствениците за парите кои ги вложија не само во стадиониот „Етихад“ туку и во самиот град Манчестер. Сепак, морам да се држам на страна. Со никого не сум разговарал за овој случај и би било погрешно да се вклучам во независен правен процес“, изјави Барнам.

Се вчитува...