Преморениот Металург лесно го совлада Куманово, убедлив триумф и на КЛ7

Металург очекувано рутински обезбеди пласман во групната фаза од Купот на Македонија откако славеше на денешниот меч со Куманово со резултат 26-36. „Металурзите“ настапија на овој меч неполни 20 часа по враќањето назад од Виена, но сепак не дозволија победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање.

Уште од самиот почеток скопскиот клуб стави до знаење кој е кој на оваа средба, набрзина поведе со 10-2, по што лесно го контролираше резултатот до самиот крај.

Златко Хорват се врати и постигна осум гола на својот камбек, со што беше втор стрелец на мечот, зад Кофиловски кој мечот го заврши со 13 погодоци.

Пласман во следната рунда обезбеди и КЛ7, кој триумфираше со преубедливи 19-45 на гостувањето против Партизан. Гајиќ беше најдобар стрелец на победничкиот тим со осум гола, пред Темелкоски и Стојков кои потигнаа по седум погодоци.

Се вчитува...