Ракометарите на Металург претрпеа убедлив пораз од 41-32 на гостувањето против Адемар Леон, втор за екс-шампионот на Македонија во Лигата на Европа. „Металурзите“ со автобус отпатуваа во Шпанија, дури синоќа пристигнаа по 43-часовно возење, а заморот беше и повеќе очигледен во изданието на избраниците на тренерот Димитриоски.
Уште од самиот почеток стана јасно дека ова ќе биде натпревар што ќе мине во апсолутна доминација на домаќините. Металург одигра катастрофално во одбраната, Димитриоски зеде тајмаут при 10-5, се обиде и со промена на голманот, но очигледно беше дека македонскиот тим не може да му парира на расположениот домаќин. На полувреме се замина со резултат 20-13, потоа домаќините за три минути постигнаа три гола и стигнаа до првото двоцифрено водство на мечот. Адемар Леон потоа рутински го приведе мечот до крај, со конечните „плус девет“.
Поповиќ постигна осум погодоци, шест пати прецизен беше Хорвар, а по четири пати мрежата на Адемар Леон ја затресоа Серафимов и Канкараш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА