Екипата на Пролет ќе биде осетна засилена за завршницата од ракометната Супер-лига откако беше прифатена жалбата по казната на Мартин Манасков, кој сега ќе „одмори“ само уште еден натпревар пред да му се стави на располагање на тренерот Матлиески.
Левиот бек на Пролет беше исклучен на градското дерби со Бутел, по што му беше изречена суспензија од четири натпревари. Поднесената жалба врои со плод, па суспензијата беше преполовена, од четири на два меча неиграње.
Со оглед на фактот дека тој веќе пропушти еден меч, оној против Борец од крајот на 2018 година, Манасков нема да биде во комбинација само уште за пресметката со Вардар јуниор. Тој потоа ќе биде подготвен за настап на последните три средби на Пролет и битката за место во плејофот, против Радовиш и Прилеп на домашен терен и гостувањето во Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА