Првиот човек на КК Црвена звезда, Небојша Човиќ се кандидираше за претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Кандидатурата на Небојша Човиќ за претседател на КС на Србија ја поддржаа 30 делегати на Собранието на чадор кошаркарската организација, дознава Меридијан спорт. Човиќ засега е единствениот кандидат, а доколку во последен момент нема неочекувани промени, ќе го наследи Предраг Даниловиќ на чело на КСС.
Се очекува нов генерален секретар да постави Небојша Човиќ, а за наследник на Златко Болиќ најчесто се споменува Драган Јаковљевиќ, до неодамна тренер на Земун Младост, пренесува Меридијан спорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА