Армандо Броја настапува за албанската репрезентација на ЕВРО 2024, додека агентот на голгетерот ги преговара и последните детали од неговиот следен трансфер во кариерата.
Овој 23-годишен фудбалер се наоѓа блиску до трансфер во Евертон, со што ќе се стави крај на неговиот престој во Челси, клуб во кој Албанецот не доби шанса да ги покаже своите квалитети. Броја го мина вториот дел од ланската сезона на позајмица во Фулам, но и таму не играше премногу. Челниците на Евертон се подготвуваат да гопродадат Доминик Калверт Луин во Њукасл за сума од 30 милиони фунти, а потоа тие пари ќе бидат насочени кон трансферот на Броја.
Британските медиуми тврдат дека постои и договор меѓу клубовите и се чека само на одговор на самиот фудбалер пред Албанецот и официјално од Лондон да се пресели во Ливерпул, во таборот на „сините“ од „Гудисон Парк“. Неофицијално, на Броја му е понудена плата од пет милиони евра по сезона што тој речиси сигурно ќе ја прифати, со што ќе стане најплатен албански фудбалер во историјата на оваа земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА