„ПРЕСИНГ“: Ех, да беше Мукаетов претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија!

Разочарувачко е нивото на кое се наоѓа македонската кошарка во моментов, а Александар Тодоров и Ѓорѓе Војновиќ во најновото издание на „ПРЕСИНГ“ говорат и за еден од најважните моменти во кој ракометот направи скок пред кошарката на македонската спортска мапа.

Според нив, најдоброто нешто што му се случи на ракометот е доаѓањето на успешниот бизнисмен Живко Мукаетов, но и спортски мецена во исто време, на чело на Ракометната Федерација.

„Во моментот кога дојде оној историски успех на ЕП 2011 во Литванија кошарката во Македонија е спорт број еден. И сега многу ми е жал што гледам дека дојде ракометот да е пред нас. За наша жал, во ракометот добија претседател Живко Мукаетов кој ги направи да бидат пред нас како спорт“ – вели Тодоров во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ и дополнува:

„Тоа што ракометот ја претрка кошарката…, тоа е тоа што го кажа Војновиќ претходно… дојде човек што воведе систем. Систем без кој не се може до успех. Да дојдеше Живко Мукаетов во кошарката, убеден сум дека се уште ќе бевме спорт број еден во државата. Не број два зад фудбалот, туку број еден!“ – вели поранешниот македонски селектор.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО КОМПЛЕТНИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВ И ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ

Се вчитува...