ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================
Во втората епизода на ПРЕСИНГ како гости најголемото кошаркарско тренерско име на Македонија – Емил Рајковиќ, стратег кој стигна до кормилото на еден европски гигант како што е ЦСКА Москва, откако претходно имаше успешни тренерски авантури и во Автодор, Астана, во полските прволигаши Шљонск и Стал…, како и Марјан Илиевски, човекот кој изминативе 30 години е неразделив дел од македонската кошарка, со силна трага како играч, долги сезони и како тренер во серија успешни клубови, а сега веќе втора година по ред и генерален менаџер на актуелниот вицешампион на Македонија – КК Пелистер.
РАЗГОВОРИ ЗА…
- За се што се случува во македонската кошарка и нејзиниот драматичен квалитативен пад последниве години… За губењето на приматот како според број еден кој важеше во деведесеттите години од минатиот век
- Емил Рајковиќ открива како е да се биде тренер на европски гигант како ЦСКА Москва. Каков газда е Андреј Ватутин и каков беше односот со најголемите европски кошаркарски ѕвезди како Алексеј Швед и Никола Милутинов
- Како да ја вратиме македонската кошаркарска репрезентација барем приближно до височините на онаа златна генерација од 2011 година која беше четврта во Европа
- За тоа дали приватниот капитал треба повеќе да се вклучи во домашниот спорт, заедно со поддршката од државата. За КК Пелистер како клуб кој со општинска помош, но и моќна компанија како Таск Форс зад себе во моментов е вистински пример за идеален начин за функционирање согласно сите европски услови за работа
- За најдобрите македонски кошаркари Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски. Зошто Ненад Димитријевиќ не заврши во ЦСКА Москва и покрај разговорите со Рајковиќ за негов ангажман
- Зошто Емил Рајковиќ и Марјан Илиевски никогаш не застанаа на чело на македонската кошаркарска репрезентација
- Носталгично потсетување на силниот ривалитет меѓу Работнички и МЗТ Скопје од пред две децении. Рајковиќ за легендарните пет тројки во мајсторката против МЗТ Скопје со кои во 1999 година му ја донесе титулата на Работнички
- За тоа како Алек Јончевски го чуваше Тони Паркер…, за самодовербата, дрскоста и упорноста кои некогаш владееја меѓу македонските кошаркари
- За Евролигата, за Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, за тоа колку македонските клубови сега се далеку од европските натпреварувања
- За актуелните промени во Македонската кошаркарска федерација. За приоритетите на кои треба да се насочи новото раководство на КФСМ за подобрување на целокупната состојба на домашната сцена
============================================================
ГЛЕДАЈТЕ ЈА И ПРЕТХОДНАТА ЕПИЗОДА НА „ПРЕСИНГ“ – СО ДАРКО ПАНЧЕВ И БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА