ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================
Во третата епизода на ПРЕСИНГ, непосредно пред утрешниот прв собир на македонската одбојкарска репрезентација за настапите во Златната Европска лига, но и квалификациите ова лето за Европското првенство 2026, како гости најпрепознатливото одбојкарско тренерско име на Македонија – селекторот Јошко Миленкоски кој 40 години, без еден ден пауза, одбележува тренерска кариера… И најголемото македонско одбојкарско име, ненадминливиот македонски спортски амбасадор во светот, капитенот на репрезентацијата Никола Ѓоргиев!
Низ максимално интересен разговор Миленкоски и Ѓоргиев отворено зборуваат:
- За меѓусебниот ривалитет од времето на некогаш моќните Работнички и Струмица, носталгично потсетувајќи се на Димитар Циев, на Христо Модев, но и на легендарното меѓусебно финале, на историското учество на Ф4 на ОК Работнички во „Топ Тимс Европскиот куп“ во Модена
- За одлуката на Миленкоски повторно да се врати на кормилото на репрезентацијата
- За тоа како се „роди“ легендарното „Спартанци“ и патувањата од 36 часа со автобус за да се дојде до натпревар – сендвичи, откажана клима, фудбал по дворови и на крај освоен сребрен медал
- За феноменалната кариери и на Миленкоски и на Ѓоргиев
- За „хорор-летот“ до Белгород – потрага по авионот среде писта, замрзнати седишта, лет со стоење
- За „скандалот“ на Медитеранските игри
- За падот на домашната клупска одбојка но и за огромните радости кои ни ги носи репрезентацијата која ова лето ќе се бори за четврто учество на Европско првенство!!!
ГЛЕДАЈТЕ И ЗАСЛЕДЕТЕ ГО ЈУТЈУБ-КАНАЛОТ НА „ПРЕСИНГ“…
============================================================
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“…
============================================================
ЕПИЗОДА (1) НА „ПРЕСИНГ“ – СО ДАРКО ПАНЧЕВ И БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

