„ПРЕСИНГ“: Македонија само на едни олимписки игри во 1984 имаше дури 5 медали, а потоа цели 35 години независност само два медали!?

Најтрофејниот македонски спортист на сите времиња Шабан Трстена, кој има вкупно 19 сениорски медали во својата кариера од Олимписки игри, светски и европски првенства и Медитерански игри, на гостувањето во спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА, меѓу другото, зборуваше и за фактот како Македонија и македонските спортисти играле секогаш максимална улога во спортот во Југославија, посебно издвојувајќи ги Летните олимписки игри 1984 во Лос Анџелес.

Toa беа најдобрите Летни Олимписки игри за Југославија со вкупно освоени 19 медали. А, од нив дури пет медали освоија спортистите од Македонија, и тоа четири медали во индивидуалните спортови.

Покрај Шабан Трстена кој се закити со златниот медал, во борење бронзен медал свои и Шабан Сејдиу, боксерот Реџеп Реџеповски се закити со сребрен медал, a уште еден боксер – Азис Салиху освои бронзен медал. Плус Зоран Шоров стигна само на чекор од медал, освојувајќи го на крајот петтото место. Фудбалерот Милко Ѓуровски беше дел од фудбалската репрезентација која освои бронзен медал, а Стојна Вангеловска дојде со кошаркарската репрезентација до шестото место на Олимписките игри.

Шабан Трстена во 1984 година со освојувачите на медал од Југославија на ЛОИ во Лос Анџелес

Како е возможно само на тие едни олимписки игри македонски спортисти да освојат пет медали и тоа четири во индивидуални спортови, а од осамостојувањето од 1991 година овие триесет и пет години Македонија да има само две медали?

„Во тоа време се работеше, сериозно. А, дополнително и носевме огромна љубов кон спортот, имавме срце…, дававме сè од себе, само да постигнеме успех. Замисли во тоа време, пет македонски спортисти. Еее, од од оваа држава пет спортисти со медали само на едни олимписки игри. Тоа беше најуспешната Олимпијада за Југославија во историјата со вкупно 19 медали, а од нив дури четири медали во индивидуални спортови од спортисти од Македонија. Како да не си горд на тоа… Тоа кажува дека тогаш се работело како што треба на сите спортски нивоа. А, каде сме сега?“ – коментира Шабан Трстена.

ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ И ЗАСЛЕДЕТЕ ГО НАШИОТ ЈУТЈУБ-КАНАЛ

Се вчитува...