ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================
Во десеттата епизода на ПРЕСИНГ ексклузивно првпат пред јавност на заедничка маса две од најголемите македонски спортски имиња во историјата – ДАРКО ПАНЧЕВ и ПЕРО АНТИЌ. „Златната копачка“ како домаќин на првиот и досега единствен Македонец кој заигра во НБА лигата, трикратниот освојувач на Евролигата и дефинитивно најтрофеен македонски кошаркар во историјата. Поранешниот претседател на Кошаркарската федерација на многу досега неотворени теми.
ВОЗБУДЛИВ РАЗГОВОР КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА ЗА СЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ…., НО И ЗА ЕВРОЛИГАТА, ЗА НБА, ЗА ТОА КАКО Е ДА СЕ СОРАБОТУВА СО ДУДА ИВКОВИЌ И ЖЕЉКО ОБРАДОВИЌ, ЗА ЕПСКИОТ УСПЕХ И ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЕП 2011 ВО ЛИТВАНИЈА!
РАЗГОВОРИ ЗА…
- За повлекувањето од претседателската функција на Кошаркарската федерација, за новиот претседател Томица Главчев кого максимално го поддржува, но и за „пучистите“ во федерацијата
- За „вечната тема“ по социјалните мрежи за промената на името на Кошаркарската федерација – кој, како и зошто?
- За ботовите по социјалните мрежи, за навредите, клеветите и етикетирањето од „специјални кујни“
- За феноменалниот успех на Македонија на Европското првенство 2011 во Литванија, и пречекот во Скопје
- За Тоше Гечевски и Лестер Бо Мекејлеб – „зад сцената“
- За освоените три титули во Евролигата со Олимпијакос и со Фенербахче и трансферот во НБА лигата
- Какви луѓе се Жељко Обрадовиќ, Дуда Ивковиќ, но и Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ и бројни НБА ѕвезди со кои Перо Антиќ и денес е голем пријател!
ГЛЕДАЈТЕ………..
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

