Во тринаесеттата епизода на ПРЕСИНГ првпат со нас и Министерот за спорт, БОРКО РИСТОВСКИ. Единствениот Македонец во историјата кој играл во трите најсилни светски ракометни лиги. Седумкратен шампион на Македонија, четири трофеи со Вардар и трикратен шампион со Металург. Шампион на Германија со Рајн Некар Левен и двократен шампион на Шпанија со Барселона, овој пат за се што се случува во македонскиот спорт изминативе 18 месеци откако е на чело на новоформираното Министерство за спорт.
ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ…, КАКО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПОГОЛЕМИ СПОРТСКИ УСПЕСИ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА И ДО КАДЕ СЕ МОЖНОСТИТЕ НА ДРЖАВАТА КАКО ПОМОШ ВО ТАА НАСОКА, ЗА „БУНТОТ“ НА КОШАРКАРСКИТЕ КЛУБОВИ…, НО И ЗА НЕГОВАТА БОГАТА РАКОМЕТНА КАРИЕРА, ЗА „КОНФЛИКТОТ“ СО КИРЕ ЛАЗАРОВ И ЗА ОЧЕКУВАЊАТА ОД ПРЕСТОЈНОТО ЕВРОПСКО РАКОМЕТНО ПРВЕНСТВО 2026 ВО ДАНСКА!
РАЗГОВОРИ ЗА…
• Анализа на изминатите 18 месеци од формирањето на Министерството за спорт и колку се реализирани приоритетите зацртани од старт.
• Спортот не ги носи можеби посакуваните меѓународни резултати за Македонија и покрај сериозните средства кои се издвојуваат за истиот?
• Каква е соработката со пооделните национални федерации?
• Најголем проблем во македонскиот спорт се финансиите… Клубовите постојано се во недостаток од средства, кошаркарите најавија и штрајк… Што се случи?
• Дали вистинскиот концепт за поддршка на македонскиот спорт е да се даваат пари на сите колективи, или тој концепт ќе се менува во иднина?
• Какви се прогнозите за 2026 година? Повеќе или помалку пари од претходнава година?
• Ситуацијата со салата „Кале“. КФМ со низа документи ја затвора како небезбеден спортски објект, а неколку дена пред тоа во таа сала се одржува Олстар што трае осум часа, а потоа и организира нови мечеви во наредниот викенд, иако ја оценува салата како„опасна“!
• Дали странците се многу повеќе почитувани во македонскиот спорт, па дури и оние со сомнителен квалитет, од „нашите деца“?
• Очекувањата од ЕП 2026 на кое македонската ракометна репрезентација ќе учествува следниот месец во Данска
• За богатата ракометна кариера во Германија, Франција, Шпанија… и трофеите со Рaјн Некар Левен и Барселона
• За „конфликтот“ со својот долгогодишен цимер и пријател Кире Лазаров
• За натурализацијата на странци во македонските спортски селекции
• Со што Министерството за спорт би било задоволно, како реализација и достигнувања во македонскиот спорт за една година од сега, следниот декември 2026?
НОВОГОДИШНОТО ИНТЕРВЈУ НА ПОДКАСТОТ „ПРЕСИНГ“ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА…
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ ОД ПОДКАСТОТ „ПРЕСИНГ“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

