„ПРЕСИНГ со ДАРКО ПАНЧЕВ“ – ни гостува ГОРАН ПОПОВ: За репрезентацијата, за ФК Вардар, за шансите за прв Мундијал во историјата, за Шевченко и за Лукаку….

ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================

Во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ со Дарко Панчев, најголемото македонско фудбалско име заедно со новинарот на ЕКИПА, Горан Бошев, се домаќини на едно од најголемите имиња во поновата историја на македонскиот фудбал, поранешниот репрезентативец ГОРАН ПОПОВ – првиот Македонец со директен трансфер во Премиерлигата во историјата.

Панчев и Попов на темите за македонската репрезентација и актуелниот квалификациски циклус за пласман на СП 2026, и шансите на Македонија за првпат да се најде на Мундијал, но и за ФК Вардар со кого заедно во 2017 година играа во групите на Лигата на Европа, за актуелните состојби во мак-фудбалот, за славните денови на Попов во Херенвен, Динамо Киев и премиерлигашот ВБА, за украинскиот милијардер Игор Сурскис и за дружбите со Андреј Шевченко, Артем Милевски, Ромел Лукаку….

Низ максимално интересен разговор Дарко Панчев и Горан Попов отворено за:

– Октомвриските квалификациски дуели против Белгија и Казахстан, и серијата од 14 едноподруго натпревари без пораз на официјални квалификациски дуели на Македонија, со веќе обезбеден бараж за СП 2026. Какви се шансите Македонија преку бараж, со евентуални противници како Чешка, Полска, Турција, Шкотска, Италија… да се избори за свој прв Мундијал?

– Како се оценува работата на селекторот Благоја Милевски?

– Дарко Панчев: „Треба да се продолжи договорот со Милевски и пред неговиот истек, уште пред ноемврискиот натпревар со Велс!“

– На темата за критиките по социјалните мрежи за одредени репрезентативци за тоа што не ја пеат македонската химна…

– Што недостасуваше во генерацијата на Горан Попов, со имиња како Пандев, Седлоски, Новески, Васоски, Игор Митрески, Шумуликоски…, а со селектори како Катанец, Тошак…, да се дојде до поголем репрезентативен успех?

– За актуелните резултати на младата репрезентација до 21 година и работата на селекторот Горан Станиќ

– За ФК Вардар и онаа 2017 година кога се избори за првпат во историјата на македонскиот фудбал во групна фаза од Лигата на Европа. Дарко Панчев е директор во клубот, а Горан Попов капитен на тимот….

– Зошто Вардар не успеа до подобри резултати во Лигата на Европа, и како беше можно клуб со добиени повеќе од 3 милиони евра од настапот во Европа, веќе за две години да доживеа колапс и преселба во Втора лига?

– За новите турски „газди“ во македонските клубови по кои клубовите доживуваат „потоп“….

– За трансферот на Дарко Панчев од Црвена Звезда во Интер како најголем трансфер на еден Македонец во историјата!

– Трансферот на Горан Попов од Херенвен во Динамо Киев за 2,5 милиони евра и преговорите со милијардерот Игор Сурскис, но и дружбата со Андреј Шевченко

– Доаѓањето во ФК Вардар и трите шампионски години

– Горан Попов за инцидентот со Кајл Вокер од Тотенхем на мечот во Премиерлигата: „Нема да дозволам никој да ме навредува на национална основа и да ја навредува Македонија“

– За комуникацијата со поранешниот соиграч од ВБА, Ромел Лукаку, и последната средба со него во Македонија

– Колку болно амбициозните родители се „уништувачи“ на патот на кариерите за голем број деца? Како да се запрат физичките пресметки во кои се вклучени и родителите на фудбалските натпревари кај помладите?

ГЛЕДАЈТЕ И ЗАСЛЕДЕТЕ ГО ЈУТЈУБ-КАНАЛОТ НА „ПРЕСИНГ“…

ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“…

Се вчитува...