ЕКИПА како специјализиран портал кој повеќе од една деценија информира за македонскиот спорт, воден од интенцијата за нова посериозна промоција на македонскиот спорт, реализира нов проект во медиумскиот простор во Македонија – специјализиран спортски подкаст „ПРЕСИНГ“. Проект кој е наменет за навраќање на спомените од минатото, анализа на актуелните состојби во мак-спортот, како и размена на предлози и визии за негов развој во иднина. И сето тоа, директно, отворено, па ако е неопходно и контроверзно!
=====================================================
Во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ со Дарко Панчев, најголемото македонско фудбалско име заедно со новинарот на ЕКИПА, Горан Бошев, се домаќини на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ во ексклузивен разговор за најважните теми поврзани со македонскиот фудбал.
Панчев и Омерагиќ за првпат заеднички пред камерите за се што е од интерес на македонскиот фудбал, почнувајќи од своите почетоци фудбалски, првите денови на независноста на македонскиот фудбал, борбата и на двајцата за подобрување на состојбите во македонскиот фудбал изминативе 20 години
Низ максимално интересен разговор Панчев и Омерагиќ отворено за:
– Љубовта кон фудбалот уште на најмала возраст, спортските почетоци и чаирските игранки
– Амбициозните родители како несвесен товар за своите деца во фудбалскиот развој и работата со најмладите категории
– Инстант клубовите во македонските лиги кои служат повеќе како менаџерски агенции за препродажба на фудбалери
– Инфраструктурата и изградба на терените во Македонија – „Фудбалер се станува на терен, а не на трибина!“
– Едукација на македонските тренери за работа со најмладите категории
– Која е причината што домашните бизнисмени бегаат од фудбалот, а во клубовите се оставени безмалку на општините, без желба за инвестиции од локалните стопанственици?
– Воведувањето на ВАР-системот во Македонија
– Отворање на темата за бенифициран стаж на фудбалерите!
– Најновиот закон за доделување пензии на македонските спортски величини кои освоиле европски и светски клупски трофеи
– Каква е соработката со македонските фудбалски легенди Пандев, Најдоски, Христов, Ибраими, Митрески…, кои Масар Омерагиќ ги врати во Фудбалската федерација на Македонија?
– Масар Омерагиќ: „Дарко Панчев е добредојден во Фудбалската федерација на Македонија… Разговараме и со Николче Новески за вклучување во ФФМ“
– Успесите на македонската репрезентација и поддршката за Благоја Милевски
– За младите репрезентации, и инвестициите во младите категории
– Повеќе шанса за младите фудбалери во домашните клубови. Промени за задолжителни повеќе младинци во стартните тимови во Првата и во Втората лига
– Масар Омерагиќ: „Ние мора многу повеќе да веруваме во нашите деца…!“
ГЛЕДАЈТЕ И ЗАСЛЕДЕТЕ ГО ЈУТЈУБ-КАНАЛОТ НА „ПРЕСИНГ“…
ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

