„ПРЕСИНГ“ со ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ и НИКОЛА МИТРЕВСКИ: Македонија на Европско првенство 2026! (ВИДЕО)

Во четиринесеттата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК со нас двајца од најдобрите македонски ракометари, Филип Кузмановски и Никола Митревски пред настапот на Македонија на Европското првенство 2026 кое стартува на 16 јануари во Данска.

ОТВОРЕН РАЗГОВОР СО КУЗМАНОВСКИ И МИТРЕВСКИ ЗА СЕ ВО МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕД НОВОТО ГОЛЕМО НАТПРЕВАРУВАЊЕ, ЗА ОЧЕКУВАЊАТА ОД ДАНСКА, НО И ЗА ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР И ВЕЧНИОТ РАКОМЕТЕН РИВАЛИТЕТ МЕЃУ БИТОЛА И СКОПЈЕ, ЗА НИВНИТЕ БОГАТИ КАРИЕРИ, НО И ЗА ТОА КАКВИ СЕ ЗАД „ЗАВЕСАТА“‼️

РАЗГОВОРИ ЗА…

  • Очекувањата пред стартот на Европското првенство 2026 кое во петок почнува во Хернинг, Данска.
  • За тоа како Македонија ја совлада Данска во Скопје. Дали е можно изненадување на 16 јануари против Данците и во Хернинг?
  • Со што би биле задоволни од настапот на собирот на најдобрите на Стариот континент?
  • За ракометот во Македонија и неговото место број еден?
  • За Пелистер и Вардар и вечниот спортски ривалитет меѓу Битола и Скопје!
  • За честите тренерски смени во Пелистер!?
  • За настапите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите… Дали е тоа максимумот иле се може и повеќе?
  • За оној несреќен пораз од Холандија на претходното светско првенство и за секогаш максмалната поддршка од македонската „Фаланга“
  • Филип Кузмановски за нарушените односи со некогаш својот најголем пријател од репрезентацијата Филип Талевски
  • Кузмановски за своите ракометни денови во Германија, Митревски за своето извонредно професионално искуство во Португалија
  • Како и двајцата се несудени фудбалери… Првите спортски почетоци и за двајцата се во фудбалот!
  • За прекарите Фитиљ и Никуч
  • Порака за македонските навивачи, за македонската „Фаланга“ пред настапите на ЕП 2026!

ПОДКАСТОТ „ПРЕСИНГ“ ГЛЕДАЈТЕ ГО ВО МОМЕНТОВ ТУКА…

============================================

МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ И ПРЕТХОДНИТЕ 13 ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“

Се вчитува...