Во дванаесеттата епизода на спортскиот подкаст ПРЕСИНГ на ЕКИПА.МК, првпат со нас и најтрофејниот македонски тренер на сите времиња и поранешен селектор – легендарниот ЃОКО ХАЏИЕВСКИ.
Отворено со човекот кој, според многумина, во времето на осамостојувањето на свој грб го понесе товарот на изградбата на македонскиот фудбал на терен, а според нас, слободно може да кажеме – таткото на модерниот фудбал во Македонија. Петкратниот шампион со Вардар и двоен освојувач на трофејот во Купот на Македонија, но и шампион со Баку во Азербејџан, и освојувач на трофејот во Суперкупот на Јапонија со Џубило Ивата.
ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ…, ЗА ПРОМЕНИТЕ ВО А-РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, ЗА ИЗБОРОТ НА НОВИОТ СЕЛЕКТОР И ОЧЕКУВАЊАТА ОД БАРАЖОТ ЗА СП 2026, ЗА ЕДНОГОДИШНОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ, МАСАР ОМЕРАГИЌ, ЗА ПЕРИОДОТ НА НЕГОВОТО СЕЛЕКТОРУВАЊЕ, ЗА МИНАТОТО И ОСВОЕНИТЕ ТИТУЛИ СО ВАРДАР НО И АКТУЕЛНОСТИТЕ ВО НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ, ЗА АКТУЕЛНИОТ АНГАЖМАН ВО БУГАРИЈА НО И ЗА НЕГОВИТЕ ФУДБАЛСКИ НАСЛЕДНИЦИ.
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Каква е моменталната ситуација со ангажманот на клупата на бугарскиот прволигаш Спартак Варна
- Дали поради актуелната политичка ситуација во моментов е тешко Македонец да работи во Бугарија?
- Како ги оценува изминатите две години на македонската репрезентација, изборениот бараж за Светско првенство 2026, и што мисли за работата на Благоја Милевски?
- При изборот за нов селектор, дали е за странец или за домашен тренер?
- Што може да очекуваме од баражот против Данска за пласман на СП 2026?
- Се актуелизираше темата дека Гоце Седлоски би можел наредните 7-8 месеци во исто време да ја извршува и тренерската работа во Вардар и селекторската функција. Какво е неговото мислење?
- За едногодишното владеење на новото раководство на ФФМ: „Масар Омерагиќ за само една година внесе многу позитивни промени во фудбалот!“
- Ѓоко Хаџиевски е, всушност, првиот избран селектор во независноста на Македонија кој функцијата ја извршува од октомври 1992 до јули 1993, но неочекувано е сменет по неговиот ангажман во ЦСКА Софија
- За периодот на негово селекторување од 1996 до 1999 година, и после тоа заминување цели 25 години е надвор од Фудбалската федерација на Македонија
- За почетоците во фудбалот, можноста со потпишувањето за Вардар со онаа златна генерација во Југославија
- Се втурнува во тренерскиот занает на само 29 години, и веќе во 1988 е прв тренер на Пелистер но и селектор на Б-репрезентацијата на Југославија, и заменик на Ивица Осим
- За освоените трофеи со ФК Вардар, за неможноста да биде само „кукла“ во клубот во времето на Сергеј Самсоненко и заминувањето по само неколку месеци
- За актуелната ситуација во ФК Вардар
- За неговите професионални денови во Грција, Јапонија, Србија, Азербејџан, Кипар….
- За неговото семејство како најголемо богатство и за фудбалските наследници. Зетот Филип Спасески, поранешен фудбалер на Вардар и младински репрезентативец на Македонија, ја има една од најдобрите фудбалски школи во Скопје – „Александро“ во која се и неговите деветгодишни внуци Алек и Сандро, а внукот Георг Стојановски зад себе има одлична сезона во дресот на Спартак Варна
ПОДКАСТОТ „ПРЕСИНГ“ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…
============================================
МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА НАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ И ПРЕТХОДНИТЕ 11 ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

